Стокец од 10.000 евра!

Изгледа како уште да не ја напуштил фабриката за автомобили Zastava и како да не поминале 44 години откако бил произведен.

Станува збор за примерок на легендарната Застава 101, „Стокец“ или „Стојадин“, кој се продава во Нови Сад.

Сепак, ова не е обичен примерок на автомобилот чиј рок на траење одамна е истечен (чест на исклучоци), туку е музејско дело и секако еден од симболите на стара Југославија.

Сопственикот на автомобилот во огласот наведува дека автомобилот бил сочуван и гаражиран уште од далечната 1980 година, односно од денот кога ја напуштил фабриката.

Тој додаде и дека огласениот, сега веќе олдтајмер, никогаш не бил регистриран, а со тоа и никогаш не бил во сообраќај.

Интересен детаљ кој сведочи за совршената и недопрена состојба на автомобилот се навлаките на седиштата кои сè уште се на своето место.

Она што предизвика лавина коментари е токму цената, која сопственикот јасно ја истакна.

„Во музејска состојба е, а цената од 10.000 евра е фиксна“, се вели во огласот.

URL

„Имам 20 евра, ако тоа ти значи нешто. Прати сметка, не вреди ништо ни механички, ни каросериски, ни тогаш не беа нешто. Само сентиментална вредност, автомобилот не вреди за тие пари“, мудруваа некои корисници веднаш под огласот, но имаше и такви кои би сакале да бидат сопственици на ваква реткост.

„Некој сака бубрег? Го давам за 9.000 евра“, напишал еден корисник на социјалната мрежа X (Twitter).

Што мислите, дали овој автомобил вреди 10.000 евра?

Тагови
реклама

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Еротски микс

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Авто новости

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Read more

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Read more

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Read more

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Read more
 

Автомобили

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе

По 50 години пристигнува наследникот на Lada Niva

Читај повеќе

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Читај повеќе

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Читај повеќе