Capcom го објави датумот на објавување на новата игрица „Street Fighter 6“.
„Street Fighter 6“ ќе биде достапен за љубителите на франшизата од 2 јуни 2023 година, а нарачките се веќе отворени.
Покрај датумот на објавување на веројатно најреалистичната игрица во серијата, Capcom го најави и доаѓањето на нови ликови. Покрај стариот боксер Ди Џеј, пристигнуваат и ЏејПи, Менон и жестоката мускулеста Мариса.
„Street Fighter 6“ е опишан како игрица која „секој може да ја игра“.
„Идејата беше да се направи игрица која сите играчи ќе можат да ја играат и да прават кул работи и потези без да мораат да меморираат комплицирани комбинации на копчиња“, рече Ендрју Вебстер, кој претходно имаше шанса да го испроба демото за време на Summer Game Fest.