Струјата од 1 јануари ќе поевтини за блок 1 за 5,16%, за блок 2 останува иста, а за блок 3 и 4 поскапува за 2,88% и 1,86%

Корисниците на електрична енергија од првиот блок кои имаат најмала потрошувачка од 1 јануари ќе плаќаат поевтина струја, цената на струјата за корисниците од вториот блок останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, ги соопшти новите цени на струјата за домаќинства.

„Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16%, втор блок и евтина се исти, трет блок се зголемува за 2,88% и четврти блок се зголемува за 1,86%. Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4%, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврти блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%“, вели Бислимоски.

Со новиот концепт пристап кон мрежа, надоместок кој ќе изнесува 200 денари кој ќе го плаќаат сите корисници, Бислимоски смета дека е напраева фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, а мрежарината се намалува за скоро 23 %.

АД МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО побараа од Регулаторната комисија струјата од 1 јануари да поскапи 27%, но можноста за толкаво поскапување, претседателот Бислимоски ја исклучи кусо време по добивањето на барањата со најава дека ќе се анализираат пресметките.

Пред две недели министерот за економија, Крешник Бектеши, уверуваше дека струјата нема да поскапи од 1 јануари оти барањата за поскапување од 27% најверојатно нема да бидат прифатени. За корисниците од првиот и вториот блок рече дека не очекува промена во сметките, но можни измени најави кај оние кои се поголеми потрошувачи.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе