Студија: Ковид кај бремени жени го удвојува ризикот од мртвородено бебе

Ризикот бремените жени да родат мртво бебе е двојно поголем од оној на здравите трудници, покажа едно американско истражување.

Анализата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) се заснова на база на податоци на болници во САД и опфаќа 1,2 милиони породувања помеѓу март 2020 година и септември 2021 година.

Генерално, мртвородените деца сѐ уште се многу ретки - имало 8.154, или 0,65 отсто.

Меѓутоа, откако статистичките методи исклучија други варијабли кои би можеле да влијаат на резултатите, беше откриено дека кај мајките позитивни на COVID-19, веројатноста за мртвородено бебе пред појавата на делта варијантата била 1,47 пати почеста, а по појавата на делта 4,04 пати почеста.

Вкупниот ризик за бремените жени со ковид беше 1,9 пати поголем отколку за бремените жени кои не боледувале од оваа болест.

Во случаи кога трудницата боледувала од ковид, состојби како што се висок крвен притисок, повеќеплодна бременост, одвојување на плацентата од матката, лошо снабдување со крв што доведува до шок, сепса, заболени бели дробови или потреба да се стави респиратор, го зголемиле ризикот мајката да роди мртво дете.

„Постоечката анализа се надоврзува на зголемениот број докази дека COVID-19 е поврзан со зголемен ризик од раѓање на мртво дете“, напишаа авторите.

Иако ова е студијата која досега ја утврди најсилната врска помеѓу COVID-19 и мртвородени деца, научниците бараат понатамошно истражување за улогата на болеста во компликациите поврзани со раѓањето.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе