Таткото на Меси: Се надевам ќе се врати во Барса

Лео Меси и натаму се поврзува со експресно враќање во Барселона, а татко му само што додаде масло во оганот на тие шпекулации.

Таткото на Лео, Хорхе Меси, даде изјава за каналот Jijantes FC на Twitch околу можноста неговиот син да се врати во каталонскиот клуб. Беше начекан на аеродромот „Ел Прат“ каде не можеше да им избега на прашањата на упорните новинари, па кратко изјави:

„Се надевам (ќе се случи), еден ден“, кратко кажа тој.

Remote video URL

Претходно и тренерот на Барса, Чави Ернандес, изјави дека се надева дека Меси ќе се врати на „Камп Ноу“.

Меси минатото лето си замина од Барса и тоа како слободен играч, без отштета, но имаше разочарувачка прва сезона во ПСЖ. Му требаше долго време за да се адаптира на стилот на игра во Франција каде во Лиг 1 на 25 натпревари постигна едвај 6 гола. Затоа, во Лигата на шампионите на 7 натпревари погоди 5 пати, но бадијала кога ПСЖ беше елиминиран уште во осминафиналето.

И покрај изјавата на Хорхе Меси и желбите на Чави, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во март изјави дека клубот не планира да го враќа Меси назад, барем не во блиска иднина.

Тогаш говорејќи за RAC 1 изјави: „Не сум добил никаков знак од Меси или од неговиот агент за можно враќање во Барселона. Моментално немаме намера да го воскреснуваме тоа прашање“.

Меси во јуни ќе наполни 35 години.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе