Тен Хаг сакаше шест нови играчи - сите го одбија

Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе Коди Гакпо од ПСВ во зимскиот преоден рок. Младата холандска ѕвезда брилираше на СП и со тоа само ја потврди својата фантастична форма оваа година и го привлече вниманието на големите клубови. На „Олд Трафорд“ се надеваа дека Гакпо сепак ќе го избере нивниот клуб, но тоа не се случи.

Ливерпул беше побрз и, она што најмногу ќе ги боли навивачите на Јунајтед, беше - поатрактивен. Младиот Холанѓанец не размислуваше премногу и ја прифати понудата на Ливерпул, иако во Јунајтед неговиот тренер би бил сонародник кој одлично ги познава холандските млади играчи. Гакпо е еден од дури шесте интересни играчи кои во последните шест месеци одбија трансфер во Манчестер Јунајтед. Имаше многу Холанѓани, но не помогна ниту тоа што Тен Хаг е Холанѓанец.

Никој не сакаше да го види својот поранешен тренер

Јунајтед летово беше многу блиску до потпис со Френки де Јонг. Тој штотуку потфрли под водство на Тен Хег во Ајакс и се очекуваше да ја прифати понудата на Јунајтед, но 25-годишниот фудбалер реши да остане во Барселона.

Тен Хаг го сакаше и одличниот млад играч Малколм Ебиовеи. Надежниот 19-годишен крилен напаѓач минатата сезона постигна 8 гола и даде 3 асистенции на 29 натпревари за Дерби Каунти, но наместо Јунајтед го избра Кристал Палас каде одигра само 3 натпревари оваа сезона.

Јуриен Тимбер беше одличен под водство на Тен Хаг во одбраната на Ајакс, со кого минатата сезона ја освои титулата во лигата. Тен Хаг инсистираше на негов трансфер, тоа требаше да биде завршена работа, но на крајот Тимбер реши да остане во Ајакс бидејќи како што вели не бил подготвен за таков чекор во кариерата.

Голманот на Ајнтрахт реши да остане во Франкфурт

Во хаосот со Кристијано Роналдо летово, Јунајтед бараше нов напаѓач и многу му се допадна младиот Словенец Бенјамин Шешко. Луѓето на Јунајтед го контактирале Салцбург и претставниците на играчот, но Шешко решил дека му е попаметно да остане во Салцбург до крајот на сезоната, а потоа да замине во Лајпциг. Тој трансфер беше договорен.

Тен Хаг сакаше и нов голман. Кевин Трап беше неговиот избор откако Мартин Дубравка отпадна во последниот ден од летниот преоден рок. Јунајтед испрати понуда до Ајнтрахт за Трап, кој му се заблагодари за тоа и преку социјалните мрежи им порача на навивачите на Ајнтрахт дека сака да остане во нивниот клуб.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе