ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Тиквеш го направи трансферот на годината - донесе резервист од лигата на Андора

Филип Здравески
/ 15.02.2024 / 14:50

Ако можеше Вардар да донесе играч од четвртата италијанска лига, Работнички од шестата англиска, Тиквеш може уште подоле - резервист од андорската лига!

Пролетниот дел во најдобрата македонска лига, а една од најслабите во Европа, почнува викендов. Клубовите веќе се екипирани, а некои сѐ уште носат нови играчи кои како слободни агенти (но, со навреме подигнати документи од претходните клубови) можат сѐ уште да потпишат.

Кој да биде победник во замисленото натпреварување Најлош трансфер беше тешка одлука. Дали Вардар со засилувањето кое македонските спорстки медиуми го најавија како „играч од Динамо Загреб“ иако таму никогаш не заиграл за првиот тим, а дојде од четвртата италијанска лига, пак или Работнички со Турчинот од шеста англиска лига и Алжирецот резерва во алжирската лига. Изборот сепак одлучивме да падне на Тиквеш.

Имено, гордоста на Кавадарци се пофали дека потпишал со Адриен Габриел Амадио Графин, 20-годишен напаѓач, висок метро и 90, роден во САД кој има и бразилско и француско државјанство. Играл за Серану од Рио, играл и футсал за Чикаго Мустангс, а потоа бил во младинската академија на бразилскиот второлигаш Новоризончину. Вака сѐ делува екстра, но...

Remote video URL

Графин во Тиквеш доаѓа од редовите на Ондино, моментално шестопласираниот тим во најдобрата лига на Андора, каде се приклучил летоска. Не само што андорската лига по квалитет е на самото дно од европските лиги, дури послаба и од македонската, туку дечково ни таму не можел да се пробие. Најчесто не го викале за играње, а кога го викале го ставале на клупа. Само трипати влегол во игра и тоа еднаш поиграл 11 минути, а двапати влегувал во 90-та минута за да се задржува време.

Американецот за своето неиграње доби награда - трансфер во троа посилна лига, 1.МФЛ. И во клуб, без потценување кон Ондино, ама 99% подобар - Тиквеш.

Засилување за мерак, нема што! Ако ништо друго, се надеваме ракијата и виното ќе му се допаднат.

Тиквеш в недела пролетниот дел го почнува со гостување во Штип кај Брегалница. Шанса за Графин да се покаже...

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе