Тим на Отпишаните: Играчи од кои клубовите требаше да се ослободат летово
Football Daily има нова интересна 11-ка. Со оглед на тоа дека летниот трансфер прозорец се затвора за една недела, Football Daily состави тим од Отпишаните, односно играчи од кои овие клубови требаше да се ослободат.
Разгледуваме играчи кои имаат уште една година од договорот како Џек Батланд и Муса Марега, омилени играчи како Емерсон и Иско, до клубови на кои им треба финансиска инјекција, како Вест Хем со Фелипе Андерсон.
А да, и Меси се најде на листата!