Тома Фила: Ако можеше дедо ми да е градоначалник на Скопје, зошто јас да не сум на Белград

Оливер Бранковиќ МИА
/ 28.03.2022 / 12:39

Еден од најпознатите Македонци во Србија, адвокатот Тома Фила, на претстојните избори на сите нивоа во Србија е кандидиран од Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ за градоначалник на Белград. Тој е член на Претседатеството на СПС, досега беше пратеник на оваа партија во српското Собрание и деновиве ја води предизборната кампања, во која, меѓу другото, кажува дека Македонците во Белград ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец, со македонско државјанство. МИА во Белград разговараше со Тома Фила за мотивите за кандидатурата, за Белград и Македонците, за прогнозите на изборите во Србија и односите меѓу Србија и Северна Македонија.

Вие сте битолчанец, но цел живот живеете во Белград. Како доjде до тоа да бидете кандидат за градоначалник на Белград на изборите што треба да се одржат на 3 април?

– Јас сум Влав роден во Битола во 1941 година, Македонец со македонско државјанство и имам Фондација во Битола на Правниот факултет.

Мојот дедо беше градоначалник на Скопје. Тој го направи паркот по урнек на француските паркови, со вештачки езера по кои можеше да се весла со кајчиња, ја направи и Зоолошката градина. Тој беше градоначалник на Скопје од 1923 до 1926 година, и јас си кажав, па ако можеше дедо ми да биде градоначалник на Скопје, зошто не би можел јас да бидам градоначалник на Белград. Се надевам со помош на Македонците што живеат во Белград, кои ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец!

Цел живот сте во Белград. Познат адвокат сте. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за вашата политичка активност и како дојде до тоа да бидете кандидат за градоначалник на Белград од Социјалистичката партија на Србија (СПС)?

– Кога завршив со правосудната кариера и кога се повлеков од судската адвокатура, одлучив дека треба да преминам во политиката. Сметав дека е потребно своето долгогодишно искуство да го пренесам на млади луѓе и на крајот да им се оддолжам на Белград и на Србија за сè што ми помогнаа, а ми имаат направено добро.

За самата градоначалничка кандидатура ме повика Ивица Дачиќ, претседателот на СПС, кој, според мене, е најдобриот и најмудар политичар во поновите срспки времеиња, и јас прифатив.

Знаете, јас сум верник, претседател на црковната општина на град Белград, заменик на патријархот во Белградско-карловачка епископија. Силно сум посветен на црквата и мислам дека СПС, која е партија на левицата, треба да биде Социјалдемократска партија, но поради тоа што има толку многу социјалдемократски партии и сите се во Српската напредна странка (СНС), ние останавме социјалисти за да не се мешаме со нив. Мислам дека јас треба да ги помирам црквата, крстот и петокраката, бидејќи во суштина кога се во прашање социјалисти и социјалдемократи, проблеми никогаш нема. Знаете, првиот комунист во историјата бил Исус Христос, затоа што кажа: „Полесно ќе влезе камила низ иглени уши, отколку богаташ во рајот“.

На овие избори на сите нивоа, на претседателските, на парламентарните и локалните избори со изборите за град Белград, вие сте кандидат на СПС под слоганот „Ивица Дачиќ за премиер – Тома Фила за градоначалник“. Познато е дека СПС речиси 10 години е во коалиција со СНС, но на овие избори настапувате одделно. Зошто?

– Секогаш одевме одделно, затоа што мораме да ја утврдиме својата вредност. Не сакаме да се шлепуваме и да кажуваме дека имаме толку и толку подршка. Сакаме да видиме јасно и гласно каде е СПС. Јас сметам на изборите за град Белград да добијам 7%. Имавме 50.000 гласачи порано, а јас барам сега да бидат 100.000 гласови или, како што кажаа народот и комунистите, посакај „невозможно за да биде можно“.

Што се однесува за парламентарните избори, тука ние (СПС) сметаме на над 10%, ако не и повеќе, а за претседателските избори, „тоа ќе се прошета Александар Вучиќ“, тоа е толку јасно!

Во случај да победите и да станете градоначалник на Белград, кои ви се плановите?

– Пред сè да се исчисти Белград за да стане бел град како што му е и името. Второ е да се реконструираат сите убави згради, особено оние кои се под културна заштита. Трето е да се исчистат и да се измијат реките, како што се миеше Темза во Лондон, која е мала во споредба со Сава и Дунав. Последно што е битно за мене е да се видат сите договори.

Мојата адвокатска канцеларија е специјализирана да работи со криминалци и мене не може да ми помине ниту еден договор што е поврзан со урбанизмот ако не е чесен. Важно е и да се знае дека секој човек кој ќе се обрати до мојата адвокатска канцеларија, кој е загрозен од некој силеџија или му е направено нешто лошо од позиција на сила, кому му е забрането нешто на што има право, како и досега, ние ќе го застапувавме бесплатно и целата адвокатска канцеларија ќе ја префрлам во градската управа.

Упативте повик до Македонците во Србија да гласаат за вас. Според проценките на ОБСЕ, нив ги има околу 100.000 лица. Дали на тоа поле планирате нешто?

– Јас можам да кажам дека ако Македонците гласаат за мене, прв пат во историја ќе имаат градоначалник Македонец, со македонско државјанство.

Како ги оценувате односите меѓу Северна Македонија и Србија и иницијативата Отворен Балкан?

– Македонија, Србија и Албанија не може да направат иста држава, не знам зошто, но не може. Но ако може да се минува само со лична карта, ако функционираат фитосанитарната и другите гранични системи и ако тргнете од Суботица преку Македонија до Тирана и никој не ве запира, па тогаш тоа е идеално. Кон Отворен Балкан треба да се придружат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и тогаш ќе биде добро. Порано во Југославија целото овошје и зеленчук одеше од Македонија, а сега треба да се чека четири дена. Кој домат е добар по три дена? Затоа оваа иницијатива е добра, за кога, на пример, ќе се утовари домат во Македонија, сабајле или напладне веќе да биде на белградските пазари. Дури мислам дека и Бугарија е заинтересирана за ваква работа, но оваа глупост што ја бараат од Македонија, тоа е идиотизам, и навистина не знам зошто тоа го прават.

Пред да ви посакаме успех на изборите за градоначалник на Белград, дали сакате да упатите некоја порака до нашинците во Србија и до Македонија.

– Сакам да кажам дека ние сме едно, а ако не сме едно, тогаш сме ништо. Не може некој кога ќе тргне од Белград во Македонија да се чувстува дека е во друга земја и обратно. Иста земја сме. Државите прават граници, а нас Господ нè направил. Па видете ги само песните, јужна Србија, Северна Македонија, па тоа е исто, еден ќе заврти малку на врањански, друг ќе заврти малку на македонски, па тоа е исто!

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе