Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Кога ги планираме патувањата, ретко кој од нас размислува за тоа како мириса дестинацијата што ја избираме.

Меѓутоа, ако сакате да го земете овој фактор предвид, објавена е листа на 10-те најмиризливи градови во Европа.

Неодамнешното истражување на британската компанија HAYPP „го осветли“ овој занемарен аспект на урбаниот живот, анализирајќи 30 големи градови во Европа и пошироко за да открие кој мириса најдобро.

Истражувачите анализирале различни фактори, вклучувајќи ја чистотата и процентот на цвеќарници, пекари и парфимери, за да му дадат на секој град „оцена за мирис“.

На прво место е Атина.

Она што придонесува за уникатниот мирис на овој град се раздвижените улични пазари, аромата на свежи производи, билки и грчки деликатеси кои се шири низ воздухот. Атина е празник за сетилата, со 8,3 од 10 поени на „одорометарот“. Од солени пити до слатка баклава, пекарниците во градот служат во функција на неодоливото миризливо задоволство.

Атина е и цветен рај, со 31 цвеќарница и 22 парфимерии на 10 квадратни километри, што значи дека нежен мирис се шири во секој агол од градот. Посветеноста на градот за чистота се рефлектира и во Индексот на еколошки перформанси (EPI), каде доби оценка од 56,2.

Иако Атина е на прво место, вреди да се споменат и други градови кои се најдоа на листата на оние со најубав мирис на светот.

Париз со својот романтичен амбиент и елегантните булевари е на втората позиција, а веднаш зад него е Цирих, познат по својата чистота и живописното опкружување, што ја заокружува првата тројка.

Топ 10 најмиризливи градови во Европа се:

Атина, Грција

Париз, Франција

Цирих, Швајцарија

Даблин, Ирска

Луксембург

Никозија, Кипар

Копенхаген, Данска

Букурешт, Романија

Валета, Малта

Амстердам, Холандија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе