Топ 10 најнестабилни апликации за iPhone и Android

Дали често ви се случува апликациите да ви „паѓаат“? Не само што не сте единствените, туку дури има и листа на најлоши апликации кога станува збор за стабилноста.

Во идеален свет, апликациите на нашите телефони би биле исклучително стабилни и би работеле без грешки. За жал, тоа не е светот во кој живееме, па често се случува некои едноставно да се исклучат и да нè вратат на почетниот екран.

Според истражувањето спроведено од Uswitch, најнестабилни се апликациите токму оние што ги користат најголемиот број луѓе, како Facebook и Tinder.

Во спроведената анализа, Uswitch разгледа голем број апликации, а потоа ги рангираше според бројот на пријавени проблеми врз основа на милион преземања секој месец, според извештаите и оценките на корисниците, но и според бројот на пребарувања на Google за проблемите на секоја од овие апликации.

Топ 10 најнестабилни апликации

Facebook

YouTube

Twitter

McDonalds

Tinder

Uber

Discord

Amazon

WhatsApp

Instagram

Првото место не изненадува, особено ако се земе предвид дека од своето основање, апликацијата беше „цицач“ на батеријата и неразумен потрошувач на позадински ресурси - најнестабилна апликација се покажа дека е Facebook.

Колку бара апликацијата за социјалната мрежа на Марк Закерберг најдобро говори фактот дека постои Lite верзија за уреди кои не можат да го издржат ова грабање меморија и ресурси, како и постојаните нотификации, а да не зборуваме за постојаното нарушување на приватноста и скандалите околу сервирањето реклами, кои дефинитивно придонесуваат оваа апликација да е на врвот на листата.

Она што изненадува е дека детето на Google, YouTube, е втора најнестабилна апликација, а својата позиција ја заслужи благодарение на најголем број случаи на „паѓања“ во текот на минатата година. Сепак, кога станува збор за пријавите за проблеми, Twitter е апсолутен рекордер, со 195 пријави на милион преземања, но само благодарение на другите параметри не се најде на повисока позиција.

Најстабилна апликација

Благодарение на методологијата што ја користеше, Uswitch успеа и да ги преврти резултатите, односно од нив да заклучи и која апликација најмалку „паѓа“, а тоа е Zoom.

Ова е резултат за голема пофалба, особено ако земеме во предвид дека Zoom мора да одржува стабилна услуга со цел корисничкото искуство да биде на ниво, како и да не дозволи ограничените ресурси и менаџерите на батерии да предизвикуваат големи проблеми за време на важни разговори. Се разбира, тоа е болката на сите популарни апликации, но очигледно е дека никој не е толку успешен како Zoom.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе