Топ 10 најсмешни блупери на Џим Парсонс како Шелдон
Базинга! Време е повторно да се насмееме со омилената „The Big Bang Theory“. Но, овој пат со блуперите на актерот Џим Парсонс кој на неверојатен начин 12 сезони го играше ликот на теорискиот физичар д-р Шелдон Купер.
Парсонс се прослави со оваа улога, но навистина не му беше лесно да ја одигра со огледн на комплексноста на истата. Не само што мораше на памет да запомни и брзо да рецитира закони и формули од физика, хемија и математика, туку требаше да долови лик кој по сѐ се разликува од нормалните луѓе - покажува фундаментален недостаток на социјални вештини, слабо разбирање на хуморот и тешкотија да ги препознае иронијата и сарказмот кај другите луѓе, иако тој самиот често ги користи, а покажува и многу идиосинкратично однесување и општ недостаток на понизност, емпатија и толеранција.