„Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари во првиот викенд на прикажување

Том Круз успеа да ја натера публиката да оди во кино и да гледа филм во кој не станува збор за суперхерои и тоа е можеби еден од најдобрите моменти во неговата кариера.

Филмот „Top Gun: Maverick“ во првиот викенд на прикажување заработи рекордни 134 милиони долари во 4.732 кина во Северна Америка. Благодарение на добрите рецензии , големата доза носталгија и враќањето на Том Круз во вториот дел филмот ги урна сите рекорди на гледаност.

Така, успеа да се најде на првото место со најголема заработка во 40-годишната кариера на Круз и е негов прв филм кој во првиот викенд на прикажување надминал 100 милиони долари.

Токму публиката на возраст над 40 години покажа најголем интерес за филмот, што е прилично импресивно бидејќи токму таа демографска група најмногу се двоумеше да се врати во кино. И покрај доцнењето со прикажувањето на филмот кое требаше да се случи во 2020 година, коронавирусот ги расипа тие планови. Но, Том Круз се потруди „Top Gun: Maverick“ да не ги следи стапките на филмовите кои поради тоа беа лошо прифатени од публиката.

Двегодишното чекање на крајот се исплати со оглед на реакцијата кај публиката и оценките од критичарите. 

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе