Топлото време е идеално за варосување во домот

За совршено варосана просторија потребна е трпеливост и познавање на деталите за овој процес. Овие совети ќе ви овозможат да ги постигнете најдобрите можни резултати.

Првото нешто кое треба да го направите кога го подготвувате ѕидот за варосување е да ги пополните пукнатините. Нанесете два слоја смеса од гипс на проблематичните области.

Откако смесата ќе се исуши, нежно израмнете ја површината со стругалка додека не стане мазна. Можете да користите и шмиргла.

Со крпа избришете ја прашината од ѕидот.

Пред да започнете со варосување, извадете го целиот мебел од собата или преместете го на средина за да не ви пречи. Со лента залепете ги рабовите на ѕидовите и покријте го подот со најлон.

Изберете боја заснована на доминантната боја на мебелот во собата. Бојата на база на вода главно се користи на тавани и ѕидови. Боја на база на масло, која е потрајна, се користи за столарија.

Една кофа со боја е доволна да покрие од 80 до 100 квадратни метри. Се разбира, доколку има некакви отстапки, продавачот ќе ве упати подетално. Секогаш варосувајте од горе надолу.

Треба да користите прајмер боја за внатрешни ѕидови ако имате пополнето нерамнини или ако варосувате над постоечка боја која е потемна.

Имајте предвид дека четките се користат за варосување на рабовите на ѕидовите и таваните, како и околу лајсни и рамки на прозорци. Ваљаците се брз и ефикасен начин за покривање на големи површини.

Бидете сигурни дека просторијата е добро проветрена во текот на целиот процес на варосување. Вентилаторите исто така можат да бидат корисни.

Некои простории можат да се варосаат за неколку часа, но за други може да биде потребно значително повеќе време. Секогаш обезбедувајте повеќе време отколку што мислите дека ќе ви треба.

Четките со кои сте нанесувале боја на база на вода треба да ги измиете со вода и сапун. А, оние со кои сте нанесувале маслена боја усперете ги со разредувач.

Потребни алатки:

  • четки
  • ваљаци
  • крпи
  • опрема за чистење
  • заштитен најлон
  • скала
  • контејнер за боја
  • боја
  • стругалка за израмнување на ѕид
  • прајмер боја за внатрешни ѕидови

Потребен материјал:

  • мешавина од гипс
  • самолетлива лента
  • шмиргла
Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Живот

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Read more

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе