Toyota Yaris – автомобил на годината

Потполно новата Toyota Yaris е прогласена за европски автомобил на годината за 2021 година.

Пред само неколку дена Yaris беше прогласен за најпродаван автомобил во Европа, а сега доби награда за најдобар европски автомобил.

На второ место е FIAT 500, а трето е Cupra Formentor.

Избрана од жири од 59 автомобилски новинари од цела Европа, четвртата генерација Toyota Yaris ја доби наградата 21 година откако првата генерација 2000 беше прогласена за европски автомобил на годината, прва Toyota што ја освоила престижната титула.

Toyota Yaris  триумфираше во изборот оваа година со 266 поени, пред новиот FIAT 500 кој доби 240 поени и третопласираната Cupra Formentor со 239 поени.

Четврти е електричниот VW ID.3, а петти е Škoda Octavia.

Жирито особено ја пофали хибридната технологија на Toyota Yaris, непреченото возење, ниски емисии на штетни гасови и прифатлива цена - илустрирајќи зошто повеќе од 80% од корисниците на Yaris избираат хибриден погонски систем.

Yaris е исто така признат по својот дизајн, динамички својства и водечка безбедност во својата класа.

Како што е соопштено, жирито на Европски автомобил на годината особено го пофали „успехот на Toyota во повторното разгорување на страста кон пазарот за расни спортски автомобили ширум Европа“, со лансирањето на GR Yaris.

„Ова е голема чест за Toyota и би сакал да се заблагодарам на жирито за нивното внимание и признание. Исто така, би сакал да ја искористам оваа можност да ја истакнам страста на нашите развојни тимови во Европа и Јапонија. Ова е најдобриот Yaris досега, и баш како што замислуваше Акио Тојода, веќе измамува насмевки кај нашите клиенти“, рече Мет Харисон, извршен потпретседател на Toyota Motor Europe.

Toyota досега трипати ја доби титулата европски автомобил на годината. Првата генерација Yaris победи во 2000 година, Prius ја доби највисоката почест во 2005 година, а сега Yaris повторно го подигна трофејот во 2021 година.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Авто новости

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Read more

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Read more

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Read more

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе