Трамп: Бајден нека скапува во пеколот, среќен Божик

Макфакс
/ 26.12.2023 / 11:01

Поголемиот дел од светските политички, духовни и национални лидери го слават Божик со повици за мир или со нагласување на доблестите на семејството и заедницата, но тоа не е стилот на Доналд Трамп, пишува CNN.

Поранешниот претседател според медиумот го искажа својот гнев и горчина на неговата социјална мрежа „Вистина“ на Бадник и Божик.

Трамп ги нападна претседателот Џо Бајден и специјалниот советник Џек Смит. Во жестоките објави, како што е пренесено, Трамп ја засили својата екстремна реторика за имиграцијата, и го повтори својот став за неограничената претседателска моќ, поради која критичарите се плашат од автократија доколку победи на следните избори.

Според написите, само три недели пред да почне гласањето во трката за републиканска претседателска номинација, Трамп е фаворит.

А неговите тиради, во време кога Американците кои го слават Божик се собираат со најблиските и бараат момент на мир, навестуваат бесна состојба на умот и целосно негирање, пишува CNN.

Трамп вечерта на Бадник со големи букви најави.

„Тие ја шпионираа мојата кампања, го лажеа Конгресот, ја мамеа ФИСА, ги фалсификуваа претседателските избори, им дозволија на милиони луѓе, многумина од затвори и ментални институции, да ја преплават нашата земја, а насилниците и изродите на Џо Бајден, како пореметениот Џек Смит, ме прогонуваат на невиден начин. Тоа се вика мешање во избори. Среќен Божик!“

Неговото расположение не беше поинакво на Божик, кога го обвини Бајден за организирање и мешање во изборите.

Во една од своите објави, тој им го честита Божик на „светските лидери, и добри и лоши“, нагласувајќи: „Никој од нив не е толку злобен и болен како насилниците што ги имаме во нашата земја“.

Во најновиот напад врз Бајден и Смит, Трамп напиша: „Нека скапуваат во пеколот. Сречен Божик уште еднаш!“

Милиони Американци веројатно ќе гласаат за Трамп на претседателските прелиминарни избори, покажувајќи дека не се вознемирени од неговото однесување или неговиот растечки екстремизам, додава CNN.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе