Трамп ги критикуваше Евреите: Не го ценат тоа што го направив за Израел

Б.С.Б.
/ 17.10.2022 / 10:40

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги критикуваше американските Евреи поради „недоволно благодарност“ за неговата политика кон Израел, предупредувајќи дека мора да се „освестат“ пред да „биде предоцна“.

Оваа изјава Трамп ја објави на неговата социјална мрежа Truth Social, а многумина ја окарактеризираа како антисемитизам бидејќи сугерира дека американските Евреи имаат двојна лојалност кон САД и кон Израел. Изјавата веднаш предизвика осуда од еврејската заедница.

„Ниту еден претседател не направил за Израел повеќе од мене“, порача Трамп пред да изјави дека е изненадувачки тоа што „нашите прекрасни евангелисти повеќе го ценат тоа од Евреите, особено оние кои живеат во САД“.

Џонатан Гринблат, кој е дел од организација што се бори против антисемитизам, му порача на Трамп дека не треба тој да држи лекции за односот меѓу САД и Израел.

„Овој однос почива на заеднички вредности и сигурносни интереси. Ова повикување на Евреите е навредливо и одвратно“, порача тој.

Во интервју минатиот декември, Трамп тврдеше дека американските Евреи или не го сакаат Израел или не им е грижа за него, а исто така и тогаш тврдеше дека евангелистите „повеќе го сакаат Израел од Евреите во оваа иста земја“.

Истражување на Pew Research, објавено во 2021 година, покажа дека 45% од возрасните Евреи во САД сметаат дека грижата за Израел е „важна“ за тоа што значи да се биде Евреин, а 37% сметаат дека е „важна, но не и битна“. Само 16% рекле дека грижата за Израел за нив „не е важна“.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе