Трамп не е веќе заразен

Неколку часа по појавувањето на Доналд Трамп на балконот од Белата куќа синоќа, Шон Конли, доктор на претседателот, изјави дека тој „повеќе не се смета за ризик од пренесување на болеста на другите“. 

Од Белата куќа посочија дека Трамп ја обновува изборната кампања оваа недела. Претседателот утре настапува на митинг во Флорида, засега е неизвесно дали митингот ќе биде на отворено или во затворен простор. 

Соопштението на Конли е објавено со согласност на Трамп, пренесе New York Times. 

 -Со задоволство сакам да ве известам дека покрај тоа што претседателот ги задоволува критериумте на ЦДЦ (државните Центри за контрола на инфективни заболувања) за безбедeн прекин и изолација, примероците од ПЦР покажуваат дека тој повеќе не се смета за ризик од пренесување на другите, изјави Конли. 

Тој додаде дека на десеттиот ден од почетокот на симптомите, претседателот „нема зголемена температура повеќе од 24 часа, симптомите се подобрени и не постојат докази за репликација на вирусот“.  

Пред само една недела Трамп имаше проблем со дишењето и беше хоспитализиран во воената болница „Валтер Рид“ во Вашингтон, од каде излезе по три дена. Во интервју викендов тој истакна дека примил коктел од антитела „Регенерон“ и дека токму овој лек му помогнал брзо да се закрепне.  

Третманот со „Регенерон“ е комбинација од две моќни антитела за кои се верува дека ја засилуваат имунизацијата на телото во одговор на вирусот. Трамп не сакаше да прецизира каде и од кога е инфициран. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе