Трамп прогласен за виновен, лажел за вредноста на својот имот

Макфакс/Кајгана
/ 27.09.2023 / 08:07

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма ја „надувале“ вредноста на нивниот имот, пресуди њујоршки судија во тужбата поднесена од државниот обвинител Летиција Џејмс во која се тврди дека Трамп лажел за вредноста на својот имот.

Според Reuters, таа одлука на судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк во Менхетен ќе и олесни на државниот обвинител Летиција Џејмс да утврди отштета на судењето закажано за 2 октомври. Понатаму, во случај тој да биде прогласен за виновен, тоа значително ќе му отежне на Трамп да работи во земјата.

Енгорон, исто така, нареди откажување на лиценците кои дозволуваа некои од компаниите на Трамп, вклучувајќи ја и организацијата Трамп, да работат во Њујорк, и нареди да се назначи управител кој ќе се справи со распуштањето на компаниите.

Судијата опиша како Трамп, неговите возрасни синови Доналд Џуниор и Ерик, Организацијата Трамп и другите обвинети фабрикувале проценки и ја надувале нето вредноста на Трамп за да одговараат на нивните деловни потреби. „Тоа е свет на фантазијата, а не реалниот свет“, напиша Енгорон. Судијата ги казни и адвокатите на обвинетите за изнесување „бесмислени“ правни аргументи.

Трамп и другите обвинети тврдеа дека никогаш не извршиле измама и дека предметните трансакции биле профитабилни. Тие планираат да поднесат жалба на одлуката на Енгорон. Џејмс го тужеше Трамп во десеттиот месец минатата година, тврдејќи дека лажел за вредноста на имотот за да добие подобри услови за банкарски заеми, односно работењето на неговите компании.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе