Трејлерот за Napoleon со Хоакин Феникс прегледан 11 милиони пати за помалку од 24 часа

Apple и Sony го објавија првиот трејлер за епската историска драма Napoleon, во режија на режисерот Ридли Скот.

Трејлерот е прегледан 11 милиони пати за помалку од 24 часа. Филмот доаѓа по неуспехот на последната историска драма на Скот - The Last Duel од 2021 година.

Заплетот на филмот ќе се фокусира на подемот на Наполеон на власт и неговата бурна врска со царицата Жозефина. Филмот ќе прикажува и динамични борбени сцени низ кои може да се види воениот и тактичкиот гениј на Наполеон.

Главните улоги ги толкуваат оскаровецот Хоакин Феникс како Наполеон Бонапарта и Ванеса Кирби, позната по филмот Pieces of a Woman, како Жозефина де Богарне. Покрај нив, во актерската екипа се и Тахар Рахим, Бен Мајлс, Лудивин Сање, Метју Нидам, Јусеф Керкур, Фил Корнвел, Пол Рајс, Џон Холингворт и Марк Бонар.

Сценариото за филмот го напиша Дејвид Скарпа, кој работеше со Ридли Скот на филмот All the Money in the World од 2017 година.

Филмот е втора соработка на Скот со Феникс, кој глумеше во неговиот филм Gladiator од 2000 година. Извршни продуценти на филмот се Рејмонд Кирк, Ејдан Елиот и Мајкл Прус.

Филмот ќе биде премиерно прикажан во кината на 22 ноември оваа година, а подоцна ќе биде достапен и на платформата за стриминг Apple TV+.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе