Три намирници кои можат да траат вечно

На сите производи кои ги купуваме од продавниците се наоѓа втиснат рок на траење или совет до кога е најдобро да го употребите тој производ. Но, постојат и такви кои можат без проблем да се чуваат со години.

Тука пред сѐ се  мисли на производите кои можат добро да се складираат и не мора да се ладат и замрзнуваат, а најдобра од таквите намирници е оризот, покажува извештајот на германски Vital.

Ориз

„Неважно дали се работи за басмати ориз, див ориз, јасминов ориз или пудинг од ориз - скоро секоја врста на ориз трае засекогаш“, пишува порталот. Исклучок е интегралниот ориз кој поради маснотиите побрзо се расипува од останатите видови. Во основа, оризот треба да се чува на суво место и по можност во херметички затворен сад. Потоа може без проблем долго да се чува во оставата или кујнските орманчиња. Навистина практична намирница која може да се комбинира со многу јадења.

Мед

Не помалку практична за складирање е слатката намирница која исто така беше погодена од недостаток на почетокот на војната во Украина: медот. Ако правилно се складира, може да трае со векови, тврдат експертите. Истражувачите веќе пронајдоа мед во древните египетски гробници што „сè уште може да се консумира и по 3.000 години“. Тајната на вечниот рок на траење на медот се наоѓа во кошницата со пчели.

Пчелите произведуваат активни состојки кои го инхибираат растот на бактериите во кошницата. Супстанциите познати како инхибини се наоѓаат и во медот и се клучот за долговечноста. Ова е уште една причина поради која се вели дека медот има лековити својства поврзани со инфекции на грип. Некои додатоци во исхраната како прополис или матичен млеч може да се најдат во аптеките, но нивната ефикасност не е клинички докажана.

Фактот дека медот - сѐ додека се чува во мрак и не е контаминиран - може да се чува како намирница засекогаш. Меѓутоа, во теглата не смеат да се наоѓаат други работи како на пример трошки леб или остатоци од путер. Како што пишува Vital, со текот на времето медот може да потемни и да изгуби од аромата и препознатливиот сладок вкус, но сепак може да се консумира дури и доколку кристализира.

Мешунки

Со оризот може да се користат и мешунките, кои се на третото место помеѓу вечните намирници. Исушени грав, леќа или грашок можат да се чуваат на ладно место заштитено од светлина и до 30 години или дури и подолго. Својата долговечност мешунките ја должат на својата способност да издржат без вода. А, каде што е суво, микробите не се чувствуваат пријатно, како што знаеме сите.

Според тоа, мешунките без двоумење можат да се користат во кујната долго по истекот на рокот на траење. Но, како потрошувач, мора да имате на ум дека долгиот рок на траење се однесува исклучиво на мешунките со кора - излупените мешунки траат само околу 6 месеци. Иначе, мешунките се сметаат за доста здрави поради влакната кои ги содржат. Исто така, многу се заситувачки и можат да се користат во кујната на најразлични начини.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе