Трите најздрави есенски намирници

Доколку сакате да го подобрите имунитетот еве кои намирници треба да ги консумирате за да ја постигнете таа цел.

Со променливите временски температури и студеното време доаѓаат и почести настинки. Добро е да се знае дека постојат доста здрави есенски намирници кои можат да помогнат во подобрување на имунитетот.

„За да бидете што поздрави, разновидната исхрана богата со овошје и зеленчук е многу поважна отколку да јадете некоја конкретна намирница“, вели нутриционистот Ребека Диткоф.

Затоа, треба да имате на ум дека клучно е да имате разновидна исхрана, а овие три есенски намирници се меѓу најздравите.

Тикви

Тиквата е прилично популарна намирница во светот, многу е здрава и корисна. Бета каротенот од тиквите е важен антиоксиданс.

„Консумирањето на бета-каротен е одлична превенција од некои видови канцер, штити и од астма, срцеви болести, го намалува ризикот од мускулна дегенерација“, вели Ребека.

Тиквата содржи и доста влакна кои се важни за здравјето на цревата.

Јаболка

Консумирањето на едно јаболко дневно има големо влијание на здравјето. Диткоф истакнува дека ова овошје содржи доста влакна, дури четири грама по порција.

Инаку, исхраната богата со влакна е поврзана со понизок ризик од срцеви болести и дијабетес тип 2.

„И дефинитивно не треба да ја лупите кората“, истакнува таа, додавајќи дека кората е богата со полифеноли и антиоксиданси кои штитат од оксидативен стрес, поврзан со многу хронични болести.

Цимет

Не само што овој зачин е вкусен додаток на разни десерти, туку е и многу здрав.

„Истражувањата покажаа дека може да помогне во борбата против инсулинска резистенција или дијабетес тип 2“, вели Диткоф.

Секако, циметот е корисен и за оние кои ги немаат тие проблеми бидејќи помага во одржувањето на нормално ниво на шеќерот во крвта.

реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе