Twitter ја доби првата битка против Маск

Извршниот директор на Tesla загуби во обидот да ја одложи тужбата против гигантот од социјалните мрежи до следната година.

Судијата во американската сојузна држава Делавер одреди датум за судската пресметка меѓу Илон Маск и Twitter некаде во октомври, наведувајќи дека со дополнително одложување „се заканува непоправлива штета“ за компанијата, која се обидува да го принуди милијардерот да го заврши преземањето вредно 44 милијарди долари.

Адвокатскиот тим на Маск се обиде да ги одложи сослушувањата до февруари следната година, додека Twitter побара судење уште во септември.

Претставникот на компанијата го обвини милијардерот за „обид за саботажа“ и дека „дава сѐ од себе за да го уништи Twitter“. Адвокатот на Twitter, Вилијам Савит, тврди дека „постојаната неизвесност предизвикана од наводното откажување на Маск секојдневно му нанесува штета на Twitter, секој час од секој ден“.

„Колку подолго е одложувањето, толку е поголем ризикот“, се согласи во вторникот во пресудата главниот судија на Канцеларскиот суд во Делавер, канцеларката Кеталин Сент Џуд МекКормик. Судијата им остави на странките да се договорат за точниот датум на судењето, освен ако дотогаш не постигнат спогодба.

Twitter минатата недела поднесе тужба против Илон Маск во обид да го принуди да го исполни ветувањето да ја купи компанијата за 44 милијарди долари или 54,20 долари по акција. Најбогатиот човек на светот се откажа од договорот, обвинувајќи ја компанијата за „материјално кршење на повеќе одредби“ во врска со прашањето за лажни или бот сметки на платформата. Тимот на Маск не се согласи со проценката на Twitter за бројот на овие типови на сметки, според кои се само 5% од корисниците, велејќи дека компанијата направила „лажни претставки“.

Гигантот на социјалните мрежи за возврат го обвини милијардерот дека преговара со лоша намера. „Откако организираше јавен спектакл за да го стави Twitter во игра, и откако предложи, а потоа потпиша договор за спојување погоден за продавачот, Маск очигледно верува дека тој… е слободен да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи вредноста на акционерите, и да си замине“, се наведува во тужбата.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе