Twitter тргнува во борба против дезинформациите за вакцината

Социјалната мрежа Twitter се приклучи во војната против дезинформациите за вакцинацијата против коронавирусот и од денеска ќе почне со бришење на најштетните дезинформации за вакцинацијата и вакцината, а објави дека твитови што содржат неверодостојни информации да бидат посебно обележани.

Twitter соопшти дека новите правила се воведуваат „бидејќи во светло на глобалната пандемија, дезинформациите за вакцините претставуваат значајна и растечка закана за јавното здравје“.

„Фокусирани сме на неутрализирање на погрешните информации што потенцијално можат да предизвикаат сериозна штета врз здравјето и благосостојбата на луѓето. Twitter има важна улога како место, каде луѓето со добра волја, разговараат и дискутираат за клучните здравствени проблеми”, се наведува во соопштението на Twitter.

Со најновите проширени правила во борбата против дезинформациите, Twitter го следи примерот на платформите, како Facebook и YouTube, кои веќе донеле слични одлуки.

Facebook веќе спроведува политика на отстранување пораки со лажни информации за коронавирусот што можат да предизвикаат „неизбежни физички штети“, а претходно овој месец ја прошири ваквата политика со објавите со тврдења за вакцината што експертите недвосмислено ги демантираа, како што се теориите на заговор за микрочипови или лажни тврдења за безбедноста на ефикасноста, состојките или несаканите ефекти на вакцината.

Меѓутоа и Facebook доцнеше зад YouTube, кој од октомври почна да ги блокира и отстранува дезинформациските објави за потенцијалните вакцини.

И Twitter досега можеше да побара од корисниците да отстранат содржина со лажна или погрешна информации поврзана со пандемијата на COVID-19, доколку таа се однесува на природата на вирусот, начинот на неговото ширење, ефикасноста на превентивните мерки и третманот, како и официјалните мерки и ограничувања.

Сега, таквата политика ќе се прошири на дезинформации за вакцините и вакцинациите.

Ова, според Twitter, се однесува на тврдењата дека целта на вакцинацијата е да им се наштети или да се воспостави контрола врз луѓето, изјави за вакцините што вклучуваат теории на заговор, официјално ги побиваат тврдењата за несаканите ефекти од вакцинацијата, како и тврдењата дека вирусот не постои или дека е безопасен и затоа вакцината е непотребна.

Покрај тоа, од 2021 година, Twitter ќе постави предупредувачка ознака покрај твитовите во кои се шират неосновани гласини и контроверзни тврдења за вакцинација или се пренесуваат информации што се делумни или извадени од контекст. Таквото предупредување, исто така, ќе има врска до линк со компетентни здравствени информации и до политиката на Twitter.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе