Убедлива победа на Орбан: Што значи ова за Унгарија во време на криза?

Унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан прогласи победа на парламентарните избори во неделата, велејќи дека тој и неговата партија Фидес ги бранеле „слободата и суверенитетот на Унгарија“.

Опкружен со водечки партиски членови, триумфалниот Орбан (58) рече дека постигнале изборна победа и покрај сите лоши изгледи.

„Постигнавме победа толку голема што може да се види дури и од Месечината“, рече тој. „Ги одбранивме суверенитетот и слободата на Унгарија.“

Прелиминарните резултати по 98 отсто пребројани гласови на националните партиски листи покажаа дека партијата Фидес на Орбан води со 53,1 отсто од гласовите, наспроти 35 отсто за шестпартиската опозициска алијанса на Петер Марки-Зај. Фидес има предност и во 88 од 106-те изборни единици во кои се избира по еден пратеник.

Врз основа на сегашните делумни резултати, Националната изборна канцеларија објави дека Фидес ќе има 135 места, двотретинско мнозинство, а опозициската алијанса 56 места во парламентот. Со седум пратенички места во парламентот влезе и крајнодесничарската партија Наша Татковина.

Ова е четврта последователна изборна победа на Орбан. На изборите, гласачите го поддржаа неговиот концепт за конзервативна, „нелиберална“ држава и ја отфрлија загриженоста за блиските врски на Будимпешта со Москва. Руската инвазија на Украина во последните недели се чинеше дека ја наруши кампањата на Орбан, принудувајќи го незгодно да маневрира за да ги објасни децениските деловни зделки со Русија, но тој успешно го убеди бирачкото тело на својата Фидес дека опозициската алијанса на Марки-Зај, која вети дека ќе ги поправи врските со Европската Унија, може да ја вовлече земјата во војна.

Противникот на Орбан призна пораз

Признавајќи го поразот, Марки-Зај (49) рече дека победата на Фидес е резултат на, како што ја нарече, неговата огромна пропагандна машина, вклучително и медиумска доминација.

„Не сакам да го кријам моето разочарување, мојата тага... Знаевме дека ова ќе биде нерамна борба“, рече тој. „Признаваме дека Фидес освои огромно мнозинство. Но, сè уште дебатираме дали овие избори беа демократски и слободни.“

Убедлива победа би можела да го охрабри Орбан (58) во неговата политичка агенда, за која критичарите велат дека ги крши демократските норми и се обидува да ги контролира медиумите.

„Ова е резултат што можете да го постигнете во земја каде што еден човек целосно владее со медиумите, каде што нема дебата“, рече Каталин Чех, член на Европскиот парламент од движењето „Моментум“, кое е во сојуз на шест опозициски партии.

„Ќе продолжиме да се бориме за нашата татковина, Унгарија еден ден да ја направиме среќна и слободна земја.“

Еден од лидерите со најдолг стаж во Европа, Орбан се појави како гласен застапник на антиимиграциската политика и противник на острите енергетски санкции кон Москва.

Тој е мета на бројни критики, но ја има поддршката од Унгарците

Критичарите велат дека тој се обидел да го консолидира еднопартиското владеење со реорганизација на уставот, преземање контрола врз повеќето медиуми и пополнување на клучните владини позиции со лојални политичари.

Сепак, Орбан е популарен кај многу постари, посиромашни гласачи кои ги претставуваат неговите традиционални христијански вредности и семејства кои имаат корист од низа даночни олеснувања и ограничувања на цените на горивото и некои намирници.

Унгарските партии се борат за вкупно 199 пратенички места, од кои 106 се пополнуваат во едночлените изборни единици.

Дополнителни 93 членови се избираат со пропорционална застапеност од националните листи составени од партиски листи и листи на национални малцинства.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати целосна набљудувачка мисија на изборите, што е втор ваков случај во земја-членка на Европската Унија.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе