Училиштен округ во САД го враќа ќотекот како мерка

Училишниот округ Касвил, во сојузната држава Мисури, одлучи повторно да го воведе физичкото казнување на учениците. Според новиот правилник, физичката казна - удирање, ќе се применува како последна мерка, пред суспензијата, односно доколку не успеат другите дисциплински мерки.

„Тоа ќе се врши на начин каде нема можност за физичка повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот.

– Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот, објасни Мерлин Џонсон, началникот на училиштата во Касвил.

Училишниот одбор ја одобри мерката во јуни и ги извести родителите дека ја враќа дисциплинска мерка што областа престана да ја практикува во 2001 година. Инаку, минатогодишно истражување откри дека родителите и старателите побарале дополнителна дисциплинска мерка.

– Некои родители рекоа дека не сакаат учениците да бидат суспендирани. Тие сакаат друга опција, а ова (удирањето, б.п.) ќе се користи како можност пред суспензијата, објасни Џонсон.

Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удирани можат да потпишат формулар во којшто се согласуваат со тоа. Телесното казнување во училишната област ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци. Никогаш нема да се спроведе во присуство на други студенти, велат правилата.

Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на надлежните да одлучат дали ќе го спроведуваат тоа. Во мигов, 19 сојузни држави, претежно на југот од земјата, сè уште дозволуваат физичко казнување.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе