УЕФА ЕУРО 2020 НАГРАДИ

УЕФА го одбра најдобриот тим на ЕУРО 2020

Петмина Италијанци се помеѓу најдобрите 11, ги нема најдобрите стрелци Роналдо и Шик.

Тим на стручни лица одреден од УЕФА ги составуваше најдобрите 11 и тоа во состав: Патрик Бонер, Естебан Камбиасо, Фабио Капело, Космин Контра, Корин Диакр, Жан-Франсоа Домерк, Душан Фитцел, Штефен Фројнд, Франс Хук, Аитор Каранка, Роби Кин, Хинес Мелендес, Дејвид Мојс, Мика Паателаинен, Петер Рудбек и Вили Рутенштајнер.

Честа да се најдат во најдобриот тим на ЕУРО 2020 ја добија следниве фудбалери:

Голман:
Џанлуиџи Донарума (Италија)

Одбрана:
Кајл Вокер (Англија)
Леонардо Бонучи (Италија)
Хари Мегваер (Англија)
Леонардо Спинацола (Италија)

Средина:
Пјер-Емил Хејбјерг (Данска)
Жоржињо (Италија)
Педри (Шпанија)

Напад:
Федерико Кјеза (Италија)
Ромелу Лукаку (Белгија)
Рахим Стерлинг (Англија)

Вицешампионот Англија има три претставника, додека по еден имаат полуфиналистите Данска и Шпанија, како и Белгија.

Изненадувачки, во нападот на најдобриот тим немаше место за ниту еден од двајцата најдобри голгетери Кристијано Роналдо (Португалија) и Патрик Шик (Чешка) кои постигнаа по 5 голови. Инаку, наградата замина кај Роналдо само поради фактот што имаше и 1 асистенција.

Наградата за најдобар играч на првенството замина во рацете на италијанскиот голман Донарума и тоа е прв пат во историјата на Европските првенства голман да ја освои оваа награда.

А, пак, онаа за најдобар млад играч, која се доделува втор пат откако беше воведена во 2016, замина кај 18-годишниот Шпанец Педро Гонсалес Лопес, или попознат како Педри.

Најдобар асистент:
Стивен Цубер (Швајцарија) - 4

Најмногу натпревари без примен гол:
Џордан Пикфорд (Англија) - 5

Најстар стрелец на гол:
Горан Пандев (Македонија) - 37 години и 321 ден

Најмлад стрелец на гол:
Микел Дамсгард (Данска) - 20 години и 353 дена

Најмногу жолти картони:
Гжегож Криховјак (Полска) и Хари Мегваер (Англија) - 3

Најбрз гол:
Емил Форсбериј (Шведска) - 1 минута и 22 секунди (против Полска)

реклама

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе