УЕФА ќе им враќа пари на навивачите на Ливерпул за ланското финале

Европската куќа на фудбалот на навивачите на Ливерпул ќе им ги рефундира трошоците за влезниците за минатогодишното финале од Лигата на шампионите што се играше во париското предградие Сен-Дени.

УЕФА ќе им ги врати парите на сите навивачи на Ливерпул кои имаа влзеница за финалето 2022 во француската престолнина. Оваа одлука, која УЕФА ќе ја чини милиони евра, е само уште една потврда на независниот Панел дека УЕФА, како организатор на финалето, е единствениот виновник за сѐ што се случуваше пред и по натпреварот.

„Зедовме предвид бројни ставови и изјави, изнесени јавно и приватно, па сметаме дека пронајдовме начин кој е прифатлив и праведен за решавање на оваа ситуација. Ја цениме помошта од организацијата на навивачите на Ливерпул, Spirit of Shankly, и Здружението на навивачите инвалиди на Ливерпул, како отворен и транспарентен дијалог кој се одвиваше периодов“, стои во соопштението на УЕФА.

„Ги разбираме негативните искуства на навивачите од тој ден и одлучивме да им вратиме пари на сите навивачи што купиле влезници и што беа најмногу погодени од целото случување пред стадионот“, додава Унијата со седиште во Нион.

Така, УЕФА ќе врати пари за 19.618 влезници. Навивачите најефтината од тие влезници ја плаќаа по околу 70 евра, додека најскапите карти чинеа 690 евра. Грубо земено, враќањето пари ќе ја чини УЕФА околу 3 милиони евра.

Независна комисија минатиот месец утврди дека УЕФА сноси примарна одговорност за хаосот што настана воочи финалето во кој учествуваа полицијата и обезбедувањето, навивачите на англискиот клуб не знаеле дека купиле фалсификувани билети.

Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“ почна со задоцнување од 36 минути откако навивачите на Ливерпул не можеа да влезат.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе