УФЦ го враќа спектаклот: Махачев против Волкановски, Чимаев против Усман

Листата со борби (fight card) за ММА настанот УФЦ 294 претрпе големи промени, но затоа конечно изгледа спектакуларно.

Во главната борба на вечерта требаше да се пресметаат Ислам Махачев и Чарлс Оливеира, но Бразилецот мораше да се повлече поради расекотина што ја доби на тренингот во понеделникот. На негово место Александар Волкановски ќе ги одмери силите со феноменалниот Махачев.

Но, тоа не е сè, бидејќи промена имаше и во борбата за титулата. Првично Пауло Коста требаше да влезе во октагонот со Хамзат Чимаев, кој има проблем со стафилококна инфекција, поради што нема да може да се бори. Но, УФЦ брзо најде замена и тоа спектакуларна, а тоа е поранешниот шампион во полусредна категорија Камару Усман, кој сега ќе се бори во средна категорија.

Да потсетиме, триесет и шестгодишниот Усман доживеа два порази од актуелниот шампион Леон Едвардс, а претходно пет пати успешно ја бранеше титулата. Тој не влегол во октагонот од март и од настанот UFC 286.

29-годишниот Чимаев одамна не се борел, последен пат во октагонот беше во септември на настанот УФЦ 279, кога го совлада Кевин Холанд.

УФЦ 294 е закажан за 21 октомври, а ќе се одржи во Абу Даби.

Листата со борби изгледа вака:

Ислам Махачев vs. Александар Волкановски – за титулата во лесна категорија

Камару Усман vs. Хамзат Чимаев

Магомед Анкалаев vs. Џони Вокер

Икрам Алискеров vs. Насурдин Имавов

Муин Гафуров vs. - Саид Нурмагомедов

Тим Елиот vs. Мухамед Мокаев

Тревор Пик vs. Мохамед Јахја

Џавид Башарат vs. Виктор Хенри

Абу Азаитар vs. Седрик Дима

Мајк Бриден vs. Аншул Џубли

Мухамед Наимов vs. Натаниел Вуд

Викторија Дудакова vs. Џин Ју Фреј

Шара Магомедов vs. Бруно Силва.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе