УЈП: До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата МојДДВ

До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата МојДДВ, по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.

– Тимот на УЈП е целосно ангажиран со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска беа направени дополнителни прилагодувања,  очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки, велат во УЈП. 

Затоа, додаваат од УЈП, се прави дополнителна надградба на софтверот за да се овозможи напреден начин на скенирање, со што ќе се изедначат можностите на сите граѓани, без разлика каков телефон поседуваат.

– Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено баркод читачот кој го овозможува телефонот, појаснуваат од УЈП.

Оттаму информираат дека во август на граѓаните ќе им бидат исплатени средства од МојДДВ.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе