Унгарија нема да го уапси Путин доколку дојде во земјата

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергеј Гујаш, појаснувајќи дека за тоа не постои правна основа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (ICC). Минатиот петок судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство сторено со илегално депортирање на стотици деца од Украина.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гујаш кажа дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

– Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на него не можеме да го уапсиме рускиот претседател (...) бидејќи статутот на ICC не е стапен во сила во Унгарија, рече Гујаш.

Тој, исто така, кажа и дека унгарската Влада „не зазеде став за налогот за апсење на Путин. Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за натамошна ескалација на конфликтот, а не за мирот“, додавајќи дека тоа е негово лично мислење.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе