Утешна награда: Роналдо израмни рекорд стар 86 години

Sвездата на Јувентус Кристијано Роналдо постигна два гола против Лион во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, но неговиот тим не успеа да напредува во следната фаза на турнирот.

Португалецот сепак има значителна утешна награда: ја заврши сезоната со вкупно 37 гола, со што го израмни рекордот на Феличе Борел за играч на „Старата дама“ кој постигнал најмногу голови во една сезона. Борел во сезоната 1933/1934 постигна 37 гола за Јуве во сите натпреварувања.

Спортските фанови и медиуми побрзаа да прослават „нов рекорд“ за Роналдо, споредувајќи го со оној на Ференц Хирзер од сезоната 1925/26 (35 гола на 25 одиграни натпревари), најверојатно несметајќи ги головите на Борел во сега веќе непостоечкиот Митропа куп (познат уште како Средноевропски куп).

URL

Од 37-те гола на Роналдо сезонава, 14 се од белата точка. Тој запиша уште седум асистенции, а сезонава, по две години успеа да погоди и од слободен удар.

Во првата сезона за Јуве тој постигна 28 гола и 11 асистенции.

Уште поимпресивно е уште едно достигнување на Роналдо. Тој има 130 голови во ЛШ, што е точно колку што има Атлетико Мадрид во турнирот. Само 22 екипи постигнаа повеќе голови од Кристијано во најпрестижното клупско натпреварување.

Триесет и петгодишниот ас нема да игра во четвртфиналето за прв пат по 10 години. Интересно е што во сезоната 2009/10 тој повторно беше на губитничката страна по судирите со Лион, но тогаш со тимот на Реал Мадрид.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе