Утрешната есенска рамноденица е важна астролошка пресвртница годинава

Вечерва после полноќ, во 3 часот и 3 минути, доаѓа важен астролошки настан - есенска рамноденица (23 септември) која ќе се одвива во комбинација со почетокот на периодот на Вага и дури 6 ретроградни планети.

Енергијата почнува да се движи во нов правец и ќе нѐ поттикне на промена раст и развој. Во минатото рамноденицата, или еквинокс, претставувала граница помеѓу физичкиот и духовниот свет. Природата почнува да се одмора, опушта и препушта.

Можеби за тоа време и самите ќе сфатиме дека ова е вистинскиот период за да се опуштиме и да испуштиме сѐ што повеќе не ни треба. Можеби ќе видиме што ни е најважно и каде сакаме да ја вложиме енергијата и да ги насочиме своите намери.

Сезоната на Вага нè поттикнува да се фокусираме на односите

Септемвриската рамноденица го носи и почетокот на периодот на Вага - знак кој е силно поврзан со потрагата за нашата внатрешна рамнотежа. Енергијата на Вагата ќе ја осетиме главно во односите, кои често се наши најголеми учители. Ни помагаат да растеме и да разбереме кои всушност сме. Периодот на Вага е одлично време да се посветите на односите и да размислите како тие влијаат на вашата внатрешна хармонија.

Дали ви се допаѓа какви сте во близина на одредени луѓе? Кои односи го вадат најдоброто од вас? Кои ве поттикнуваат на напредок? Кои односи се еднострани?

Ретроградниот Меркур исфрла на површина сѐ што досега било скриено

На рамноденицата имаме и 6 ретроградни планети, што нѐ поттикнува да се наполниме со енергија и да размислиме каде во иднина сакаме да ја вложиме својата енергија. На денот на рамноденицата, ретроградниот Меркур ќе се порамни со Сонцето, ќе донесе уште поголемо осветлување и двојна јасност. Оваа интензивна енергија ќе исфрли на површина сѐ што досега било скриено од погледите.

Ако сакате нешто да разјасните во својот живот или барате одговори, поставете си намера и останете отворени за знаците, пораките и инспирациите кои ќе ги добиете на денот на рамноденицата.

Есенската рамноденица секако носи посебна енергија која поттикнува на промени. Поврзете се со своето внатрешно ЈАС, следете ја својата интуиција и верувајте им на своите чувства - така ќе имате сѐ што ви е потребно.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе