Утринска навика поради која хормоните ви дивеат и се дебелеете

А.С.
/ 27.09.2023 / 14:35

Иако повеќето од нас уживаат во првото утринско кафе и незамисливо е да го започнете денот без него, знајте дека е штетно по здравјето да го пиете на празен стомак.

Студијата објавена во дигиталното издание на библиотеката на Националниот институт за медицина на САД покажа дека кафето на празен стомак, особено кај жените, лошо влијае на здравјето. Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во организмот е највисоко наутро кога се будиме, а најниско навечер кога спиеме.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во телото и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината“, објаснува нутриционистот и доктор Карлин Розенблум за порталот PureVov.

„Конзумирањето кофеин кога нивото на кортизол е највисоко стимулира зголемено лачење на кортизол. Иако сè уште не е објаснето зошто тоа се случува, веруваме дека тоа е поврзано со ефектот на кафето врз одредени витамини и минерали во телото“, заклучува д-р Розенблум.

Кортизолот, како и сите други хормони, е неопходен за функционирањето на телото, но проблемот настанува кога сме постојано под стрес и кога телото постојано го лачи. Тоа може да доведе до зголемување на нивото на шеќер во крвта и отпорност на инсулин.

Освен што го стимулира дополнителното лачење на кортизол, кафето на празен стомак може да предизвика лошо варење и да го зголеми нивото на желудочната киселина.

Ако имате стомачни проблеми, добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото.

Кога да го испиете првото утринско кафе?

„Ако станувате околу 7 наутро, најдобро е да го испиете првото кафе помеѓу 9:30 и пладне, кога нивото на кортизол е природно ниско. Добро е да јадете храна богата со калциум за појадок, како бадеми, јогурт или семки од чиа. кои ја неутрализираат киселоста“, советува Розенблум. „Ако пиете кафе во ова време, ќе го добиете потребниот поттик и енергија.“

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе