Утрото летна од Брег на Слонова Коска за Шпанија, вечерта ја исфрли Барселона од Купот

Фудбалерите на Барселона продолжија да нижат лоши резултати сезонава, а синоќа по драма и продолженија беа елиминирани од шпанскиот Копа дел Реј.

Атлетик Билбао беше подобар од Барселона со 4:2 и со тоа се пласираше во полуфиналето на Копа дел Реј, а главен херој беше фудбалерот на Гана, Ињаки Вилијамс.

Во регуларните 90 минути резултатот беше 2:2 откако Атлетик поведе преку Горка Гурузета, потоа Роберт Левандовски и Ламин Јамал направија пресврт за Барса, а Оихан Сансет во 49. минута му донесе израмнување на Атлетик.

Ињаки Вилијамс влезе во игра во 60. минута, а во судиското продолжение, во 105+2 минута, постигна клучен гол за водство на својот тим од 3:2, а во судиското надополнување, во 120+1 минута му асистираше на својот брат Нико Вилијамс за конечни 4:2.

URL
URL

Интересно е што Ињаки вчераутро полета од Брегот на Слоновата Коска за Шпанија, а веќе во вечерните часови пристигна да игра на овој меч и да ја елиминира Барса од Купот на кралот.

Remote video URL

Вилијамс играше во Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нации со репрезентацијата на Гана, која шокантно беше елиминирана уште во групната фаза иако важеше за еден од фаворитите на континенталниот шампионат. Гана на АФКОН загуби од Зелен 'Рт со 2:1, а потоа одигра реми 2:2 со Египет и со Мозамбик.

Инаку, Ињаки игра за Гана, но неговиот брат Нико игра за Шпанија. Двајцата се родени во Баскија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе