Вака би можело да изгледа електричното Yugo

Освен што претставуваше основна форма на транспорт и не врзува со многу спомени, Yugo и денес привлекува внимание иако престана да се произведува во 2008 година. Дизајнерот Дејан Христов демонстрираше како ја замислува електричната верзија на Yugo со модерен дизајн.

Дизајнерот Дејан Христов го трансформираше Yugo во модерен електричен автомобил. Познатите карактеристични линии на автомобилот на автомобилот се задржани и „стегнати” во варијанта со модерен и спортски изглед. За неговите рендери, одбра познати споменици од поранешна Југославија во Крушево, Скопје, Марибор, Белград, Никшиќ и други градови.

Бидејќи Yugo важеше за пристапен автомобил, кога концептот би станал реалност, би го отворил патот за поевтини електрични автомобили наменети за широките народни маси. Електричните автомобили се скапи во земјите без субвенции, па ваков модел би помогнал електричните автомобили да станат „мејнстрим”. И не само тоа, Христов сака електричното Yugo да стане реалност, па планира своите планови да и ги презентира на владата во Србија.

„Земајќи во предвид дека компонентите за првото Yugo се произведуваа ширум поранешна Југославија, можно е компанијата Rimac Automobili од Хрватска да учествува во овој проект”, вели Христов.

Според него, поврзаноста на Fiat со првото Yugo може да биде фактор за да се вклучи компанијата Fiat Chrysler Automobiles Србија во развојот на новиот модел.

Тагови
реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе