Вакцината на Pfizer покажува ветувачки резултати

Вакцината против коронавирусот која ја развива фармацевтската компанија Pfizer ги помина тестовите за безбедност и ефикасност во раните клинички испитувања, покажаа новите истражувања.

Вакцината, од која Владата на Обединетото Кралство веќе нарача 30 милиони дози, сега е уште еден ветувачки кандидат за вакцина кои се сметаат клучни за запирање на вирусот. Вакцината досега помина низ рани испитувања врз луѓе спроведени во њујоршката компанија Pfizer и на универзитети и болници во САД.

Субјектите кои ја примија вакцината развија имунолошки одговор на коронавирусот и тоа подобар од оној што беше забележан кај луѓето кои се опоравија од COVID-19.

Исто така важно е да се напомене дека меѓу 36-те возрасни испитаници не се забележани никакви опасни несакани ефекти. Тие главно се пожалиле на главоболки и замор, јавуваат странските медиуми.

Вакцината Pfizer, наречена BNT162b1, е последна во серијалот која дава ветувачки позитивни резултати, бидејќи британските вакцини што ги развија Универзитетот во Оксфорд и Империјал колеџот во Лондон, исто така, покажаа рани знаци на успех во тестирањето кај луѓето.

Да се потсетиме дека Русија беше прва во светот што вчера официјално ја регистрира својата вакцина против коронавирус, но научниците се скептични во врска со безбедноста на оваа вакцина, за што нема детални податоци за тоа како работи и дали е сигурна. Светската здравствена организација не ја одобри оваа вакцина затоа што не ги помина пропишаните фази на тестирање.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе