КУП БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ - БУШТУР 2021/22

Вечерва МЗТ и ТФТ ќе се борат за пехарот на 28. куп финале

Фаворитот МЗТ или изненадувањето ТФТ, љубителите на кошарката ќе имаат можност вечерва да уживаат во домашна кошаркарска претстава во борба за драгоцениот пехар.

Ова ќе биде второ финале откако поранешниот Куп на Македонија стана Куп Благоја Георгиевски - Буштур во чест на поранешниот кошаркар, југословенски репрезентативец и спортски работник Благоја Георгиевски кој загина во сообраќајна несреќа на 29 јануари 2020 година.

МЗТ е бранител на тронот откако лани славеше во финалето победувајќи го Работнички. Годинава на патот до финалето ги минаа Гостивар (87:85) и Феникс (76:66).

За разлика од нив, за ТФТ ова е второ куп учество и прво финале. На патот ги елиминираа Пелистер (105:93) и ФМП Академија (94:72).

Натпреварот се игра од 19:30 часот во СРЦ „Кале“ каде според антиковид мерки е дозволено присуство на публика 50% од капацитетот на салата. Директен пренос ќе врши МРТ3.

Натпреварот ќе го судат И. Митровски, А. Феревски и Т. Панов, додека делегат е А. Угринов.

Доколку победи МЗТ тогаш ќе избие на првото место по бројот на освоени куп пехари бидејќи моментално е на делба на врвот со Работнички со по 10 титули.

Досегашни победници:
10 - Работнички (1993, 1994, 1998, 2003, 2004, 2005, 2006, 2011, 2015, 2019)
10 - МЗТ (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018, 2021)
2 - Еуро Никел (2008, 2010)
2 - Гостивар (2001, 2002)
1 - Вардар (2007)
1 - Кочани Деликатес (1995)
1 - Карпош Соколи (2017)
1 - Амак СП (2009)

реклама

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе