Вечерва од 19 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на Македонската опера и балет ќе се одржи првото издание на „Скопски Градски Фестивал“.
Фестивалот е во организација на Баги Комуникации, а се реализира со поддршка од Град Скопје.
Програмата на фестивалот е концепирана по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот. Тој е еднодневен фестивал, концепиран како градски музички фестивал, со програма од различни музички жанрови и учество на македонски уметници.
На првото издание посетителите ќе можат да ја погледаат музичката комедија „Телефонот“ во режија на австриската режисерка и кореограф Уши Хорнер а ќе учествуваат двајца оперски пеачи и двајца музичари.
Еден од најпознатите етно музички состави кај нас, „Баклава“, токму на првото издание ќе го прослават јубилејот 15 години музичка кариера.
Биба Додева, пак, ќе има концертна промоција на својот најнов музички проект, албумот „Незаборавни”.
Дека Фестивалот ќе понуди содржина за сите доказ е и настапот на македонскиот пијанист Бобан Мирковски, како солист кој ќе ги изведе композициите „Рапсодија во сино„ од Џорџ Гершвнин и „Атараксија“ од Љупчо Мирковски, а ќе настапи под диригентска палка на Љупчо Мирковски во придружба на „Биг Бенд“.
И покрај тоа што Фестивалот ќе се одржува на отворено, заради следење и почитување на протоколите за одржување на настани на отворено, пуштени се ограничен број на вленици по цена од 200 денари кои може да се купат онлајн како и на сите продажни места на Купи карти за сѐ.
„Заради зачувување на здравјето на учесниците и посетителите, апелираме на почитување на мерките за заштита. Носете маска, држете дистанца и уживајте во првото издание на Скопскиот Летен Фестивал“, порачува организаторот.