УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Вечерва расплет во ЛШ: Нѐ чека лудило во Манчестер и Копенхаген

Вечерва на програмата се натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д, а најинтересно ќе биде во А каде покрај Баерн се бара уште еден патник за нокаут фазата, а во игра се три екипи.

Копенхаген со 5 бодови, Галатасарај со исто толку и Манчестер Јунајтед со 4 - вака изгледа табелата на трите екипи кои се борат за второто место во групата А.

Манчестер Јунајтед го пречекува шампионот на Германија, а Копенхаген ќе му гостува на Галатасарај. Копенхаген ќе се пласира во осминафиналето како второпласирана во групата ако го победи Галатасарај или ако ремизира и Јунајтед не успее да го победи Баерн.

Галатасарај ќе се пласира во осминафиналето доколку го победи Копенхаген, додека Јунајтед ќе се пласира во следната фаза доколку го победи Баерн биде нерешено во Истанбул.

Јунајтед вечерва ќе биде значително ослабен бидејќи нема да играат Каземиро, Диало, Ериксен, Линделеф, Маласиа, Мартинес, Маунт и Санчо. Од друга страна, на Баерн му недостасуваат Бухман, Гнабри, Марушиќ, Сар, Улрајх и Де Лихт.

Во групата Б, Арсенал и ПСВ веќе го обезбедија своето место понатаму, а вечерашниот меѓусебен дуел нема да значи ништо за двата тима, бидејќи „Топчиите“ го имаат обезбедено првото место во групата.

Реал се пласираше од групата Ц, додека Наполи ќе се пласира во осминафиналето како второпласирана доколку избегне пораз на вечерашната пресметка против Брага со два или повеќе гола разлика.

Во групата Д ќе имаме интересна пресметка за првото место меѓу бодовно израмнетите Интер и Реал Сосиедад. Шпанскиот клуб ќе ја освои групата доколку избегне пораз од Интер, додека на Италијанците им треба само победа со оглед на тоа што имаат послаба гол-разлика.

Вечерашните натпревари на територијата на Македонија може да се гледаат на Arena Sport каналите. МРТ пренос од еден натпревар ќе вршпи во среда.

ПСВ - Арсенал (18:45, Arena Premium 1)

Ланс - Севиља (18:45, Arena Premium 2)

Манчестер Јунајтед - Баерн (21:00, Arena Premium 1)

Интер - Реал Сосиедад (21:00, Arena Premium 2)

Наполи - Брага (21:00, Arena Premium 3)

Мултипренос (21:00, Arena 1)

Унион Берлин - Реал Мадрид (21:00, Arena 2)

Копенхаген - Галатасарај (21:00, Arena 3)

Салцбург - Бенфика (21:00, Arena 4)

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе