Вејн Руни ќе се проба како боксер, првиот меч му е против инфлуенсер

Вејн Руни, еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња планира да влезе во рингот и да одработи боксерски меч со познатиот американски инфлуенсер Џејк Пол (26).

Пол за прв пат влезе во рингот пред пет години и досега се бореше со угледни имиња како Бен Аскрен, Тајрон Вудли и Андерсон Силва.

Руни (37) како тинејџер блескаше во дресот на Евертон, а со преселбата во Манчестер Јунајтед стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Со 253 гола е најдобриот стрелец во историјата на клубот од Олд Трафорд, а минатата година тренерската кариера ја започна прифаќајќи ја понудата од американскиот Д.Ц. Сепак, како што пишува Marca, славниот Англичанец е на прагот на нова кариера - боксерска.

Промоторот Еди Херн верува дека Вејн Руни може да има извонредна кариера, се разбира, кога станува збор за егзибициски натпревари. Треба да се потсети дека Руни беше познат како доста комплициран и проблематичен играч во раните години од кариерата во Евертон, но кога пристигна во Јунајтед, Алекс Фергусон го држеше под контрола и го врати на вистинскиот пат.

Зошто Руни сака борба?

Можен противник на поранешниот фудбалер би бил популарниот јутјубер кој стана боксер, Џејк Пол. Вејн Руни е љубител на боксот и затоа сака да си ја проба среќата во рингот. Затоа го контактирал Херн за да побара борба.

Сепак, самиот Херн тогаш откри дека Руни и претходно барал од него да му организира борба, но дека тоа речиси секогаш го правел кога пиел и затоа не му обрнувал многу внимание. Сепак, се чини дека овојпат е поинаку и дека овојпат навистина би можело да дојде до борба.

Се очекува борбата да се одржи на легендарниот стадион „Олд Трафорд“, кој беше дом на Вејн Руни за време на неговата кариера во Манчестер Јунајтед.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе