Холанѓанецот нема влакна на јазикот, откако го искритикува Хамилтон сега се јави со нова изјава, дека воопшто не му е гајле кој му е партнер бидејќи тоа е само колку за тимот да има повеќе поени.
„Тој не е ништо посебно, има и други возачи кои можат да остварат слични резултати. Луис победува затоа што има добра машина“, неодамна изјави Верстапен за Луис Хамилтон.
Овој пат се осврна на неговиот сега веќе поранешен партнер во Ред Бул, Французинот Пјер Гасли кој на полусезона беше трампан во Торо Росо за Александер Албон.
„Штета за Пјер, но воопшто не ми е гајле кој ми е партнер во тимот. Се работи само за тоа да има уште еден возач за тимот да собира повеќе поени во екипниот пласман“, ладно рече Холанѓанецот.
Верстапен моментално е трет во генералниот пласман, а сезонава успеа да победи на две трки, во Австрија и во Германија.