Верстапен со пол-позиција во Мексико

Ф1
Кајгана / МИА
/ 30.10.2022 / 11:40

Двократниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, го освои првото место во квалификациите за Големата награда на Мексико и ќе стартува од пол – позицијата на трката која е закажана за вечерва од 21 часот.

Зад Верстапен во првиот ред ќе стартува Џорџ Расел (Мерцедес), додека неговиот клупски колега, седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, беше најбрз во првите две фази од квалификациите, но, сепак, ќе стартува од третото место.

Домашниот херој Серхио Перес (Ред Бул) беше четврти во квалификациите.

Верстапен, кој лани победи во Мексико, со евентуален триумф на патеката „Автодром Херманос Родригез“ денес би можел да постави нов рекорд според бројот на победи во оваа сезона. Со досегашните 13 победи, 25-годишниот холандски возач се израмни со Михаел Шумахер од 2004 и Себастијан Фетел од 2013 година, но сезонава има значително повеќе трки во календарот на Ф1.

За Верстапен ова е 19 пол – позиција во кариерата, а шеста во оваа рекордна сезона. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе