УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Виери: Интер е во подобра форма од Милан и има посилен тим

Поранешниот напаѓач на Интер, Кристијан Виери, верува дека „Нераѕурите“ се во подобра позиција од „Росонерите“ пред нивниот полуфинален дуел од Лигата на шампионите в среда.

Откако Интер доминираше против Лацио, Верона и Рома во последните три натпревари, Виери верува дека тимот на тренерот Симоне Инѕаги е во подобра форма од Милан кој исто така релативно лесно го победи Лацио минатиот викенд, но ремизираше со Рома и Кремонезе во претходните два одиграни натпревари.

„Интер дојде на тој натпревар во подобра форма. Три натпревари, 9 бода, 11 постигнати голови, тие се во добра форма. Но, дали ќе го имаме Милан кој за малку ќе загуби од Кремонезе или оној кој лесно го победи Лацио? Интер е подобар затоа што има посилен тим, почнувајќи од нападот. Теоретски, не можат да загубат од никого“, изјави Виери.

Потенцијалното отсуство на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао може да биде тежок удар за „Росонерите“.

„Тоа би му одзело 50 отсто од силата на Милан, повеќе или помалку. Тој и Тео се играчите што му даваат пресврт на Милан, особено на вакви натпревари. Леао е играч кој има способност сам да ја промени играта“, додаде поранешниот италијански репрезентативец.

Тој смета дека Лаутаро Мартинес може да биде клучот за успехот на Интер во двомечот со Милан.

„Фактите зборуваат сами за себе. Тој го освои Светското првенство, постигна 23 гола во Серија А. Дава голови кога и да игра. Леао имаше подеми и падови, но во последно време го испорачува она што се очекува од него“, заклучи Виери.

Натпреварот Милан - Интер се игра на 10 мај од 21 часот на „Џузепе Меаца“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе