Виртуелната гаража на Gran Turismo 7 збогатена со 5 нови автомобили

Додека љубителите на Forza Motorsport стрпливо ја чекаат новата игрица од франшизата која треба да излезе напролет, фановите на „Gran Turismo“ на месечно ниво уживаат во нови автомобили.

Бесплатното декемвриско ажурирање ја збогати виртуелната гаража на игрицата „Gran Turismo 7“ со пет нови автомобили. Се издвојува Alfa Romeo Giulia GTAm, модел претставен во март 2020 година како екстремна верзија на италијанскиот спортски седан, кој има поголема моќност и само две седишта поради заштедата на тежина.

Remote video URL

Производителот Polyphony Digital им овозможи на играчите и да искусат возење со моделот Ferrari Vision Gran Turismo претставен на крајот на минатиот месец. Исто како и претходните VGT модели, и овој беше развиен исклучиво за „Gran Turismo 7“. Користи неограничена верзија на 3,0-литарскиот V6 твин-турбо мотор кој развива повеќе од 1.000 КС. До март 2023 година, можно е да се погледне моделот во вистинска големина, кој е изложен во музејот во Маранело.

Во гаражата сега се сместени Bugatti Chiron и Chevrolet Corvette C8 Stingray, како и Toyota Celica GT-Four (ST205) од 1995 година. Тоа беше најмоќната верзија на Celica благодарение на подобрениот мотор 3S-GTE. Рели автомобилот што доаѓа со најновото ажурирање го освои Европскиот шампионат во рели во 1996 година. Треба да се каже дека овој автомобил кратко живееше бидејќи Toyota Team Europe доби едногодишна суспензија од ФИА поради незаконски ограничувач што дозволуваше воздух да влезе во турбината со заобиколување на заптивките околу ограничувачот. Благодарение на ова, Celica ST205 доби дополнителни 50 КС. Неправилноста беше откриена на релито Каталуња, а на возачите на Тојота им беа одземени бодовите што ги освоија во сезоната до тој момент. Еден од нив е Јуха Канкунен, кој го предводеше пласманот кај возачите.

TTE е суспендиран, но приватни тимови продолжија да ја користат Celica ST205 во наредните години.

Тагови
реклама

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе