Вкупно 1.536 активни случаи - Најмногу заболени во Скопје, од кои двајца странски државјани

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Нови 125 случаи на COVID-19 беа регистрирани вчера, што е повторно висока бројка на заразени од овој вирус. Најголем број новозаболени имаше минатата недела кога беа регистрирани 180 случаи.

Од 1.019 тестови што биле направени вчера, нови случаи има најмногу во Скопје – 89. Во Куманово нови четири, во Штип, Прилеп и Струмица по двајца, Тетово – 11, Струга три, Велес еден, Охрид осум и во Гостивар, Кичево и Ресен по еден новозаболен.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и шест оздравени пациенти и тоа во Скопје и во Прилеп по еден и во Велес – четворица. Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера почина 79-годишен пациент од Скопје, на клиниката од 19 мај, потоа пациентка од Струга на 66 години хоспитализирана на 8 јуни, 54-годишна пациентка од Скопје примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово на 46-годишна возраст, која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 77 години примена на 8 јуни и 73-годишна пациентка од Струга примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Министерството за здравство вчера соопшти дека сите од наведените пациенти кои починале имале претходни коморбидитети, односно спаѓале во ризична група.

Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката 66-годишна од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабетес, пациентката – 54 години од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.

Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. Ѝ бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника,

Од починатите во ГОБ „8 септември“ – пациентката 77-годишна од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73 години) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите биле примени како сомнителни на Ковид и потврдени по прием. Пациентот 87-годишен кој почина во Штипската болница е лекуван болнички од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

Во однос на дистрибуцијата по градови за вкупниот број, најмногу активни случаи со COVID-19 и натаму има во Скопје – 844, а потоа следат Штип со 186 случаи, Куманово со 155 случаи, Тетово – 145.

Од 19 теста кои биле направени вчера во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на COVID-19.

На Инфективната клиника вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29, а нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Според податоците од ИЈЗ, скопската општина Чаир и натаму со најголем број активни случаи со COVID-19 каде има 195 заболени, потоа следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на COVID-19.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе