ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски ќе биде единствениот градоначалник кој барал одземање на ингеренции, само да му помине бетонизацијата на Карпош

„Наместо урбано домување и зелена агенда, бизнис пајташите ДУИ и СДС тераат бизнис интерес на штета на Карпош и на граѓаните. Во корелација со градоначалникот Јакимовски тие по секоја цена го туркаат бетонизирањето на Алумина, со што би му овозможиле на 'Пуцко Петрол' 600 милиони евра бизнис. Да потсетиме, сопственикот на 'Пуцко Петрол' е пратеникот од владеачкото мнозинство, Исмаил Јаховски, кој во исто време е омилениот градежник на градоначалникот на Карпош“, вели ВМРО-ДМНЕ.

„Се работи за сериозни милиони, кои веројатно се лепак и на политичка неформална коалиција. Очигледно 600 милиони евра не само што ја смениле зелената во бетон агенда, туку влијаеле и врз реториката на други субјекти кои сега изигруваат портпароли на компанијата која треба да гради бетонска џунгла во Алумина.

ДУИ, СДС и Јакимовски на сила решиле тоа да го спроведуваат, иако јавноста, експертите и граѓаните се против. Според информациите кои постојат, а кои ниту Ковачевски, ниту Јакимовски не ги демантираат, во план е Владата да ги одземе ингеренциите на Општина Карпош, со цел да се заобиколи локалниот совет и овој ДУП да се спроведе во корист на Пуцко. Со тоа Јакимовски ќе биде единствениот градоначалник кој барал одземање на ингеренции, само да му помине бетонизацијата.

Случајот Алумина на виделина ги извади лицемерието, алчноста и лагите на оваа екипа. Сега бегаат од одговори, ама наскоро нема да може да избегаат од одговорност. Сите до еден ќе сносат последици за работењето против интересите на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе