Внимателно со пластичните шишиња: Што вели анализата на вода што стоела 24 часа?

Чудниот вкус на водата откако некое време била во пластично шише за повеќекратна употреба има свои причини, истакнуваат данските научници.

Пластичните шишиња за вода за повеќекратна употреба се популарни, особено за време на спортски активности, поради нивната мала тежина и отпорност на удар. Сепак, одредени хемиски соединенија можат да мигрираат од пластиката во водата за пиење, покажаа новите анализи на истражувачите од Универзитетот во Копенхаген. Тие пронајдоа околу 400 различни хемикалии во водата од пластични шишиња, а некои од овие супстанции се потенцијално штетни за здравјето на луѓето.

Чудниот вкус на водата откако некое време била во пластично шише за повеќекратна употреба има свои причини, истакнуваат данските научници. Во водата која стоела во пластично шише пронашле големо количество хемикалии по само 24 часа.

Истражувањето е дизајнирано да биде што е можно поблиску до типичната употреба на шишиња. Луѓето обично пијат вода која била во шишиња неколку часа. Биле тестирани нови шишиња, како и шишиња кои редовно се користеле за вода за време на спортување и тоа отприлика година дена, соопштија научниците од Универзитетот во Копенхаген.

Откриените штетни материи се потенцијално опасни по здравјето

Професорот Јан Х. Кристенсен и истражувачката Селина Тислер во шишињата открија повеќе од 400 соединенија поврзани со пластика, како и над 3.500 поврзани со детергент за миење садови во машина. Голем дел од нив се непознати супстанции што истражувачите допрва треба да ги идентификуваат. Студијата е објавена во списанието Journal of Hazardous Materials.

Со истражувањето е утврдено присуство на супстанции штетни по здравјето на луѓето, како што се ендокрини пореметувачи и канцерогени материи. Научниците пронајдоа различни пластични омекнувачи, антиоксиданси и средства за ослободување кои се користат во производството на пластика, како и диетилтолуамид (ДЕЕТ), познат како активна супстанција во спрејот против комарци.

Истражувачите оставиле обична вода од чешма во нови и користени шишиња за пиење да отстои 24 часа. Исто така ги анализирале пластичните шишиња пред и по миењето во машина за садови, како и по дополнителното рачно плакнење после миењето во машина.

„Најотровните супстанции што ги идентификувавме всушност се појавија откако шишето беше во машина за миење садови, веројатно затоа што миењето ја јаде пластиката и на тој начин го зголемува ослободувањето на супстанции“, објасни Тислер.

Речиси 500 различни супстанции кои останале во водата по дополнителното плакнење биле пронајдени во новите пластични шишиња за повеќекратна употреба. Над 100 од нив доаѓаат од самата пластика.

Тислер наведува дека научниците допрва треба да заклучат дали флашираната вода е штетна по здравјето, бидејќи во моментов имаат само проценка на концентрацијата на супстанции и токсиколошки проценки.

„Само затоа што овие супстанции се во водата, не значи дека водата е токсична и влијае на нас луѓето. Но, проблемот е што ние едноставно не го знаеме тоа. И во принцип, не е одлично да пиеме остатоци од сапун или други хемикалии“, вели Селина Тислер.

Иако сè уште не е утврдена врската помеѓу пронајдените хемиски соединенија и токсичноста на водата, бидејќи се потребни дополнителни истражувања, научничката Тислер истакнува дека наместо пластично шише повеќе би сакала да користи чаша или шише од квалитетен нерѓосувачки челик.

Потребна е подобра регулација

Резултатите од истражувањето го одразуваат недостигот на знаење за ова прашање, како и слабите регулативи. Потребни се подобри стандарди во производството на пластични шишиња, сметаат хемичарите кои ги правеа анализите.

„Студијата покажува колку малку се знае за хемикалиите што се испуштаат од производите со кои нашата храна и пијалак доаѓаат во контакт. А општиот проблем е што прописите за мерење за време на производството се многу благи“, вели професорот Кристенсен.

Истражувањето вклучувало и шишиња означени како биоразградлива пластика. Истражувачите забележаа дека таквата ознака не мора да значи дека тие се направени од природни соединенија, а исто така и дека пластификаторите можат полесно да мигрираат во водата за пиење кога биоразградливите шишиња полека се разградуваат за време на употребата.

Тагови
реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе