Слушајте го телото - само ќе ви каже во каква форма сте

А.С.
/ 06.11.2023 / 12:00

За да го зачуваме здравјето, многумина од нас вежбаат во теретана и слободното време го посветуваат на дополнителни физички активности.

Но, ако општото здравје е добро и сте во добра форма, можете да си дозволите малку мрзеливост.

Обрнете внимание на овие детали и откријте во каква форма сте!

Коса и нокти

За почеток, погледнете ја состојбата на косата и ноктите. Обрнете внимание на:

- испукани врвови

- сува коса

- коса без сјај

- слаба и кршлива коса

- кршливи и суви нокти, склони кон листање.

Ако забележите некој од горенаведените знаци, тоа значи дека на вашето тело нешто му недостасува.

Очи

Лесен начин да проверите дали имате проблеми со црниот дроб, бубрезите или белите дробови – погледнете си ги белките.

Тие треба да бидат:

- бели

- влажни

- без премногу изразени вени

- без присуство на црвенило.

Индекс на телесна маса (БМИ)

Сега измерете ја целокупната состојба на вашето тело, со мерење на висината и тежината. Според истражувањето, дури 1 од 3 лица имаат прекумерна тежина. Дебелината доведува до сериозни здравствени проблеми како срцев удар, белодробни заболувања и дијабетес.

Пресметајте го индексот на телесна маса (БМИ), што ќе ви покаже дали имате прекумерна тежина.

Remote video URL
Изразеност и симетрија на мускулите

Тежината (мускули, маснотии, коски, градба) не се распределува кај сите исто, затоа треба да ја провериме симетријата на нашето тело.

Симетричното тело е попривлечно физички, а симетријата исто така покажува дека сите делови на телото се развиени на здрав и избалансиран начин. Ако телото не е симетрично, тоа може да укаже на проблеми со мускулната функција, што може негативно да влијае на коските и 'рбетот.

Одење во тоалет

Проблемите со телесната тежина предизвикуваат бавен метаболизам или неправилна функција на дебелото црево. Сега, кога го испитавме надворешниот изглед на телото, да провериме што се случува внатре.

Првото нешто што треба да се провери е здравјето на цревата. Забележете го следново:

- Дали одите во тоалет барем неколку пати на ден?

- Дали бојата на урината е светло жолта (потемна може да укаже на бројни здравствени проблеми)?

Ако забележите некој од овие проблеми, тие можат да укажуваат на посериозни состојби како што се заболување на бубрезите или цревата.

Спиење

За време на спиењето, телото се обновува и одмара. Затоа е исклучително важно да се обезбеди квалитетен сон, така што телото може да се релаксира и да акумулира енергија.

Вашиот сон е здрав ако:

- заспивате за помалку од 20 минути

- спиете меѓу 6 и 10 часа

- не се будите често среде ноќ

- се будите смирени и одморени наутро,

- имате доволно енергија во текот на денот.

Ако често се чувствувате уморни, имате недостаток на енергија и ако ви требаат повеќе од 30 минути за да заспиете, метаболизмот не работи добро. Спиењето влијае на секој аспект од вашиот секојдневен живот, па затоа квалитениот сон е исклучително важен.

Ниво на кондиција

Ако заклучивте дека вашето тело успева да акумулира доволно енергија во текот на ноќта, проверете дали правилно ја користите таа енергија. Сетете се на училишните денови кога требаше да направите одредени физички вежби за да покажете колку сте фит - тоа е токму она што ќе го правите сега.

Здрава возрасна личност треба да може да го стори следново:

- да биде умерено активна најмалку 150 минути

- да прави аеробни вежби најмалку 10 минути без замор

- да направи 10 склекови без пауза

- да трча 60 секунди без да застане

- да направи 10 сквотови со по 1 скок во височина после секој сквот

Забелешка: овие вежби се релевантни показатели за лица под 50-годишна возраст.

Постои и поедноставен тест со кој можете да ја проверите вашата подвижност и флексибилност. Седнете на подот и исправете го грбот. Раширете ги нозете директно пред вас, кренете ги рацете над главата и потпрете го телото напред. Обидете се да ги дофатите ножните прсти со рацете. Ако лесно стигнете до прстите, тоа значи дека сте флексибилни и во добра форма. Инаку, посветете повеќе време на вежбање и секојдневно истегнување.

Мирис

Ако мирисите на вашето тело се горчливи или кисели, веројатно има нешто што не е во ред со вашето тело. Не мислиме на потење за време на вежбање, иако и тогаш миризбите на телото не треба да бидат застоени и многу непријатни.

Циркулација

Добрата циркулација е неопходна за здравјето, затоа што тогаш белите крвни клетки можат да стигнат до деловите заразени со вирус и да овозможат заздравување. Циркулацијата носи кислород во сите делови на телото, вклучувајќи ги мозокот и срцето.

Честите главоболки, вкочанетост или грчеви во мускулите, студени нозе и раце, се знаци на слаба циркулација.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе