Во Германија развиен нов тест за коронавирус

Фармацевти на германскиот универзитет „Хале-Витенберг“ развија начин за откривање мали количини коронавирус во раствор за миење на устата, користејќи техника што може да се употреби за тестирање.

„Во студијата се користени примероци на раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја плакнеа устата, успешно откривајќи го вирусот со помош на масена спектрометрија“, соопшти Универзитетот.

„Новиот метод мора дополнително да се разработи пред да може да се користи како стандардна дијагностичка алатка за да се надополнат постојните тестови на коронавирус“, се наведува во соопштението.

Овој тест е мошне специфичен, бидејќи таргетира протеински компоненти кои постојат само во новиот коронавирус, познат како SARS-CoV-2.

– Ние ги мериме пептидите што доаѓаат од вируси, а не од генетски материјал, објасни Андреа Синц, која работи на студијата.

Во моментов се потребни 15 минути за да се добијат резултатите од тој тест, а тие се значајни дури и со мали количини на раствор за плакнење. Тим на фармацевти работи на скратување на времето за тестирање.

Ако тестот се покаже како успешен, мерењата би можеле да ги спроведе неспецијалистички персонал, велат научниците.

Иако новиот метод нема да биде достапен веднаш, Синц вели дека се надева дека тестот би можел да биде во функција за неколку месеци.

реклама

Здравје

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе